Бадемовото масло со витамин Е има магично влијание на кожата. Тоа ја храни, негува и чудотворно делува на секој тип на кожа, а посебно на сува и уморна.
За дополнително да ја нахраните или обновите кожата на лицето во секојдневната нега, направете смеса која ќе даде магични резултати, од состојки кои се најдобар избор за убав изглед и уште подобро чувство на вашата кожа.
СОСТОЈКИ:
– 1 лажица бадемово масло
– 1 лажица мед
ПОСТАПКА:
Бадемовото масло и медот добро измешајте ги. Смесата загрејте ја на 30 степени со постојано мешање, колку да се соединат состојките и смесата да стане полесна за нанесување на лицето.
Откако ќе ја подготвите, смесата нанесете ја на лицето и вратот и оставете ја да делува 15 минути. Потоа измијте го лицето само со млака вода, без користење на дополнителни супстанци. Мокрото лице избришете го со чиста памучна крпа, но само со тапкање, без груби движења.