Направи сама: Освежи ја бојата на косата без хемиски додатоци

Бојата на вашата коса не е повеќе истата, што најмногу се забележува после летото. Сигурно прво што сакате е брзо да ја освежите на природен начин, без хемиски додатоци кои само уште повеќе ќе ја уништат? Еве како да го направите тоа.

ID:72513568

ID:72513568

 

Камилица и лимон за русокосите

Ако имате русокоса коса, после миењето исперете ја со чај од камилица во којсте додале сок од свежи исцеден лимон. а ако сакате на светлата коса да и го вратите сјајот, послужете се со друг трик – измијте ја во чај од рузмарин.

Црн чај, кафе и како за темнокосите

Кафената боја на коса измијте ја со црн чај или со малку појако црно кафе. Бојата може да ја обновите со маска од пет лажици какао, малку мед и пола чаша јогурт.

Морков и цвекло за нов сјај на црвената коса

Косат која е бојадисана црвено исперете ја со чај од слез, а се препорачува и маска од морков или цвекло, малку мед и неколку лажици јогурт. Маската се држи најмалку еден час.