
Претставниците на Здружeнието на стопанственици од индустриската зона во Визбегово го информирале дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за проблемите со кои се соочуваат компаниите што се дел од оваа зона, а во која не се достапни бенефициите што ги имаат компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони.
– Неправедниот третман што го имаат стопанствениците од индустриската зона Визбегово е огледало на третманот што го имаат малите и средни домашни претпријатија во земјата во изминатиот период – се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Наумов.
Индустриската зона во Визбегово важи за најголема во земјата, со повеќе од 200 компании и остварен промет од 632 милиони евра во 2015 година.
– И покрај тоа, во зоната во Визбегово компаниите сè уште функционираат без основните услови, почнувајќи од водоводна и од канализациона мрежа, како и патна инфраструктура – се додава во соопштението.