Една од најблиските на Земјата супермасивни црни дупки која се наоѓа во галаксијата NGC 5195, активно емитира огромни количества енергија, регистрирале астрофизичарите со помош на вселенскиот рентгенски телескоп „Чандра“.
NGC 5195 е џуџеста галаксија во соѕвездиеto Ловечки Кучиња, на оддалеченост од 26 милиони светлосни години од Земјата. Галаксијата сега се наоѓа во процес на спојување со големата спирална галаксија NGC 5194 „Вител“.
Научниците, чиешто истражување е објавено во списанието Astrophysical Journal, веруваат дека моќните емисии на црните дупки, еден вид „подригнувања“ се случуваат откако дупката ќе проголта огромни количества материја.