Научниците напредуваат кон вештачката интелигенции

Научниците создале уред кој го имитира начинот на кој учи човечкиот мозок, што претставува напредок во истражувањето на вештачката интелигенција.

Image
Сегашните информатички програми можат да го препознаат човечкиот глас или да препознаат предмети врз основа на изложеноста на голема серија примери од кои може да извлечат асоцијации.

Новиот пристап кој го откриле научниците од Институтот за технологија во Масачусетс (MIT) и универзитетите во Њујорк и во Торонто, имитира како човечкиот мозок прима и ги разбира новите концепти. Така, велат научниците, оваа програма, исто како луѓето, е способна брзо да учи букви од различни јазици и да го генерализира она што го научила.

„Првпат мислиме дека добивме информатички систем кој е способен да научи голем број визуелни концепти, што не се разликува многу од начинот на којшто учат луѓето“, појасни на телеконференцијата за новинарите во четвртокот Џошуа Тененбаум, професор на MIT.

„Пред да тргнат на училиште, децата учат да ги препознаваат новите поими тргнувајќи до само еден пример и врз основа на тоа можат да создаваат нови“, вели Тененбаум, но додава дека, сепак, сé уште се „далеку од тоа да создадеме компјутер кој би бил исто толку интелигентен како и човечко дете“.