Научниците ја откриваат врска меѓу климата и криминалот

Истражувачите од универзитетот во холандски Амстердам и од американската сојузна држава Охајо, ја откриле директната корелација меѓу температурите на воздухот и нивото ја криминалитет, се наведува во студијата објавена во списанието Behavior and Brain Sciences.

Image

Стапката на криминалитет ширум светот е различна, но постои општо правило, според коешто насилството и агресивноста се зголемуваат како што се доближува до екваторот, што укажува на важната улога на климатските разлики. Така, претпоставуваат научниците, климата непосредно влијае врз однесувањето на луѓето.

Иако досегашните слични модели се стабилни, недостигаат теоретски објаснувања за големите разлики во нивото на агресија и насилство во целиот свет. Повеќето објаснувања се фокусираат на влијанието на просечната температура како фактор кој предизвикува агресија (The General Aggression Model) или, пак, дека повисоките температури условуваат поголема социјална интеракција и активности (Routine Activity Theory) при кои најверојатно се активира агресијата.

Научниците кои работеле на спомената студија, предлагаат нов модел за соодносот и поврзаноста меѓу климата, агресијата и самоконтролата кај луѓето (Climate, Aggression, and Self-control in Humans – CLASH), чија цел е да се разберат разликите во и меѓу земјите, во нивото на агресивност и насилство во однос на климатските и температурните разлики.

Пониските температури, а особено подолгите сезонски варијација на климата, влијае врз поединците и групите да водат побавен живот и да придаваат повеќе внимание на иднината. Сега предложениот модел истакнува дека забавениот живот, насоченоста кон иднината и силната самоконтрола, се важни фактори за потиснување на агресијата и насилството.

Горештините, пак, сметаат учесниците во споменатото истражување, предизвикува луѓето да се однесуваат како да живеат „само еден ден“ и многу малку внимание посветуваат на својата иднина. Во таквите случаи се намалува самоконтролата, што оди во прилог на зголемување на агресивното и девијантно однесување.

Научниците, исто така, велат дека истражувањето на нивото на насилство според нивниот модел на зависност од климатските услови е различен со другите од неодамна развивани модели кои ги нагласуваат климатските разлики за разбирање на конфликтите. Заклучуваат дека климата има теоретска и општествена важност во обликувањето на индивидуалните и социјални разлики во агресијата и насилството