Положбата на вашето тело додека спиете може доста да каже за односот помеѓу вас и вашиот партнер. Еве ги најчестите положби на спиење кај паровите и нивносто значење.
Разделени сте
Ако вашиот партнер спие на одалечен крај на креветот, не се допирате во текот на ноќта и свртени со грб, може да биде знак дека вашата врска и не е во најдобра состојба. Ова може да биде знак за меѓусебно разделување. Сепак, не треба да очајувате, се додека другите аспекти од вашата врска и интимноста фукционираат не би требало да имате причина за грижа, вашиот партнер најверојатно се навикнал на доста простор и удобнст во креветот. Ако и во вашиот секојдневен живот откриете проблеми, тоа значи дека би требало да разговарате со партнерот и да се потрудите да го решите проблемот.
Во прегратка
Ако вие и вашиот партнер сте свртени лице со лице и спиете гушнати, знајте дека оваа положба е најпопуларна кај штотуку венчаните парови или кај оние кои штотуку ја започнале врската, затоа што потсвесно се појавува потребата да бидете со партнерот што поблиску. Оваа положба покажува дека сте многу заљубени и отворени еден кон друг.
Вашата глава е на неговото рамо
Во оваа положба едниот од вас лежи на грб, а другиот лежи крај него и ја потпира главата на неговото рамо. Оваа положба обично значи дека партнерите си бараат утеха еден на друг и си даваат емоционална поддршка.
На страна
Во оваа положба вие лежите на страна, а партнерот е зад вас и ве гушка. Ова е многу блиска положба, која влева сигурност, но и многу еротичност. Најпопуларен е кај паровите кои многу добро се познаваат и кои многу се сакаат.
Опуштена блискост
Ова положба е слична на претходната, но разликата е во тоа што оставате малку простор помеѓу себе и партнерот. Но помеѓу вас секогаш постои контакт, со ногата, раката, коленото или со некој друг дел од телото. Оваа положба е најчеста кај паровите кои се заедно 5-6 или повеќе години. Се чувствуваат доволно сигурно и удобно.