Најдобрата шминка според вашата боја на коса

Максимално истакнете го најдоброто од бојата на Вашата коса.

ramona-makeup-wallpaper7

Бринети

Темната коса може да поднесе светла шминка и повторно да изгледа свежо. Немојте да ги занемарите своите веѓи – тие го обликуваат остатокот од Вашето лице. Бринетите никогаш не треба да се срамат од бојата – обидете се со задебелен, јасен кармин. Што се однесува на сенките, изберете ја онаа која е малку светлуцкава.

Русокоси

Лесно е да се претера со бојата кога се платинестите русокоси во прашање. Ако користите бронзер, заменете го со руменило. Привлечете внимание на очите со темни и неутрални сенки и моливчиња за очи. Играјте си со светлите бои за усни, кои ќе бидат комплементарни со темните сенки.

Црвенокоси

Неутрални сенки нема да се натпреваруваат со Вашата коса. Обидете се да вклопите темновиолетово моливче за очи со кафена сенка за суптилно влијание на бојата. Ако изберете неутрална боја за усни, тоа не значи дека треба да го прескокнете моливчето. Нека обликот на усните секогаш Ви биде појак. Црвената коса бара природна палета сенки за очи, која може да биде малку светлуцкава.

Костенливи

Наместо црвена која се судира со топлите тонови на косата, обидете се со боја како слива за усните, за побогат модерен изглед. Прескокнете ги тешките пудри и нагласете го природниот тон на кожата со тонирана крема. “Smokey eyes” совршено ги потполнуваат костенливите прамени.