Најмалку една жртва во земјотресот во Грција

 

Во силниот земјотрес кој во вторникот утрото го погоди грчкиот остров Лефкада, кој малку по 8 часот беше почувствуван и во македонската престолнина Скопје, загинало најмалку едно лице а оштетени се повеќе објекти, соопшти грчката полиција.

lefkada
Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер бил на 13 километри од Лефкада, објави грчкиот сеизмолошки завод. Американскиот геофизички институт USGS првично објави дека потресот имал магнитуда од 6,8 степени по Рихтер и би на длабочина од 5 километри, на 106 километри југоисточно до Јанина.

Според сеизмолошката опсерваторија на Универзитетот Атина, пак, магнитудата на земјотресот изнесувала 5,9 степени.

Во Скопје и поголемиот дел од Македонија населението го почувствува овој потрес со итензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала–1998.

Според грчката полиција 59-годишна загинала кога се урнала нејзината куќа поради одрон на камења во крајбрежното место Понти.

Според локални извори уште една жена настрадала во штала во планинското село Атани, но полицијата тоа не можела да го потврди.

макфакс