Најмалку 18 загинати во експлозијата во Анкара, премиерот го откажа патувањето за Брисел

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го откажа планираното патување во Брисел по експлозијата во среда во Анкара, во која најмалку 18 лица загинаа, а беа повредени 60 луѓе.

Image
Автомобил преполн со експлозив беше кренат во воздух во време кога покрај него минуваше воен конвој. Турските телевизии прикажаа снимка од огнената стихија која ги запали возилата по експлозијата, која се слушнала неколку километри подалеку. Турската војска потврди дека цел на нападот било воено возило што било нападнато додека стоело во колона на семафор.

Заменик премиерот Бекир Боздаг овој напад го нарече „терористички чин“.

Турската влада наметна привремена и делумна забрана за емитување, што пред сѐ се однесува на снимки од местото на нападот и пренесување на неофицијални информации.

Турција е во состојба на готовност по серијата напади што се изведени на нејзина територија, а кои се припишуваат на сунитската џихадистичка група Исламска држава. Кајтрагичниот напад беше изведен на 10 октомври минатата година, кога на железничка станица во Анкара беа убиени 103 лица.