Познатиот актер Милорад Мандиќ – Манда, почина во среда попладне на сцена на сред премиерата на детската претстава „Петар Пан“.
„Претставата почна нормално и сé беше во ред првите 15 минути, а тогаш на сцена излезе Манда во улога на Капетан Кука и одеднаш падна на подот. Мислевме дека тоа е дел од претставата, а тогаш се запалија сите светилки и сфативме дека нешто не е во ред“, вели една жена која со децата била на претстава.
Сопругата на Манда истрчала на сцената, завесите се спуштиле а итната помош интервенирала на лице место, но реанимацијата не успеала.
Мандиќ е роден 3-ти мај 1961 година во Белград, од мајка домаќинка и татко воено лице.
Електротехничкиот факултет го напуштил по првата година од студиите, а Факултетот за драмски уметности одлучил да го запише откако се запознал со светот на глумата низ Драмско експерименталното студио на аматерскиот театар.
Манда играше во бројни серии и филмови, како во „Убавите села, убаво горат“, „Ивкова слава“, „Кражбата на третиот рајх“, „Подобар живот“ и други./