НБА: Победи на СА; Кливленд, Мемфис

Кливленд триумфираше над ЛА Клиперс во дерби мечот во НБА, одигран во ноќта помеѓу четвртокот и петокот. Покрај Кливленд победи изминатата ноќ забележаа Сан Антонио, Мемфис, Њу Орлеанс и Сакраменто.

Image

Двоецот Леброн Џејмс-Џеј Ар Смит го предводеше Кливленд до победата над Клиперси 115:102. Џејмс и Смит постигнаа по 22 поени, додека на спротивната страна се истакна Крис Пол со 30 поени и девет асистенции.

Сан Антонио без поголеми проблеми славеше како гостин во феникс 117:89. Српскиот центар Бобан Марјановиќ го одигра најдобриот меч од доаѓањето во НБА лигата, тој го оствари својот прв ‘дабл дабл’, забележувајќи 21 поен и 13 скокови.

Мемфис го искористи квалитетот и искуството и славеше над Денвер 102:101. Марк Гасол (27 поени, 4 скока, 6 асистенции) и Мајк Конли (20 поени) го предводеа Мемфис, додека најефикасни во редовите на Денвер, со по 17 поени, беа Данило Галинари и Кенет Фарид.

Њу Орлеанс, против Детроит, потврди дека се наоѓа во добра форма, забележувајќи ја четвртата победа на последните пет натпревари. Ентони Дејвис постигна 32 поени, а Тарик Еванс имаше учинок од 22 поени и 10 асистенции.