Неверојатниот Мајклс Фелпс со уште две нови олимписки злата

Мајкл Фелпс ја збогати својата олимписка колекција со уште два нови златни медали во Рио. Најтрофејниот олимпиец во историјата, се искачи на победничкиот подиум и во трките на 200 м. пеперутка и во 4х200 м. слободно. Американскиот пливач сега има три златни медали од Рио и вкупно 21 олимписко злато од рекордните 25 медали од Олимпијадите.

felps-medal-615x400

До јубилејниот 20 медал, Фелпс стигна со победата над големиот ривал и бранител на титулата, Чад ле Клос во трката на 200 м пеперутка во која исплива време од 1:53,36, а Јужноафриканецот имаше 1:54,06 и не стигна ни до подиумот. Среброто во оваа дисциплина го освои Јапонецот Масато Сакаи (1:53,40), а бронзата Тамаш Кендереѓи (1:53,62).

Веднаш потоа, Мајкл Фелпс му помогна и на тимот на САД супериорно да стигне до златниот медла на 4х200 м слободно. За тимот на САД пливаа: Двајер, Хас, Лохти и Фелпс и триумфираа со време од 7:00,66. Зад нив на второто место беше тимот на В.Британија (7:03,13), а бронзата ја освои Јапонија (7:03,50).

Мајкл Фелпс на ОИ во Рио претходно освои злато и во дисциплината 4х100 слободно, а може да стигне до уште две медали во следните два настапи – на 100 м слободно и на 200 м мешано.

ekipa.mk