Ненадејна смрт на шефот на руското воено разузнавање

Шефот на главната руска разузнавачка служба Игор Сергун ненадејно почина во 58-та година, соопшти во вторникот руското Министерството за одбрана.

Image

 

Во соопштението се наведува дека Сергун починал ненадејно во неделата, но нема детали за причината за смртта, ниту за местото каде починал.

 

Се верува дека воената разузнавачка служба, позната по кратенката ГРУ, е најголемата надворешна руска разузнавачка служба.

 

Сергун на чело на ГРУ дојде во 2011 година, а претходно беше руско воено аташе во Тирана.