Необичен феномен: Ураган се приближува кон португалските острови

Националниот центар за урагани во САД го промени во четврток статусот на суптропската бура на Атланскиот океан во ураган.

Image
Ураганот Алекс е лоциран на околу 790 километри јужно од португалските Азорски острови, но она што е необично е фактот дека многу ретко ваквите бури преоѓаат во ураган, посебно во овој период на годината.

Сезоната на урагани на Атлантикот обично трае од 1 јуни до 30 ноември, што не значи дека не можат да се појават и во друг период. Сепак, фактот дека Алекс не само што е прв ураган во 2016 година, туку е и прв што е формиран во јануари во Атланскиот океан од 1978 година.

Моменталните прогнози велат дека Алекс би требало да влијае врз временските прилики на Азорите, но не би требало да има значајно влијание на времето во Европа и Северна Америка. Најверојатно ќе се движи северно кон Гренланд.