Некои секојдневни навики можат значително да влијаат на нашето тело и да предизвикаат големи промени што се манифестираат во нашиот циклус.
Менструалниот живот е различен кај секоја жена. Но дали знаевте дека некои секојдневни навики значително влијаат врз нашето тело и можат да предизвикаат промени што се манифестираат во нашиот циклус?
1. Стрес
За доцнење на менструалниот циклус можат да придонесат травматични настани, како што се смртен случај или болест на блиско лице, раскинување на врската, преселување или губење на работата. Сите овие ситуации нагло го покачуваат нивото на стрес-хормонот кортизол. Под негово влијание, може да дојде до нарушување на менструалниот циклус, така што крварењето може да биде пообилно или послабо, под влијание на хормоните што се лачат во хипоталамусот.
2. Патувања
Долгите патувања значително влијаат врз нашето тело. Несоница, нервоза и умор – тоа се само некои од симптомите на т.н. џет лег – краткотрајно нарушување предизвикано од патување низ различни временски зони. Но овие промени можат да влијаат и врз менструалниот циклус, кој може да стане пократок или подолг. Не грижете се, менструацијата би требало да се нормализира по два до три циклуса.
3. Премалку сон
За нормално функционирање на вашето тело потребен му е соодветен одмор и тоа во форма на сон. Од друга страна, премалку сон може да предизвика многубројни негативни промени во организмот, како што се опаѓање на имунитетот, нервоза, премор, премаленост и нарушување на менструалниот циклус. Докажано е дека на човековиот организам му се потребни 7-9 часа сон и затоа е потребно да се смени дневната рутина и да се направи обид на телото да му се овозможи доволно време да се одмори.