Нивоата на морињата до 2100. може да пораснат за метар и пол

Доколку продолжи емисијата на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, поради топењето на антарктичкиот мраз нивоата на морињата до 2100 година би можеле да се зголемат за метар и половина, односно за половина метар повеќе отколку што досега предвидуваа стручњаците, покажа истражувањето чии резултатите се објавени во списанието Nature.

Image

Научниците коишто се занимаваат со климатските промени од два американски универзитети, Роберт ДеКонто од Универзитетот Масачусетс во Амхерст и коавторот на студијата Дејвид Полард од државниот Универзитет Пенсилванија, истакнуваат дека таквата промена би можела да претставува вистинска катастрофа за многу градови кои се наоѓаат на ниска надморска височина.

Според извештајот на Групата меѓувладини стручњаци за климатските промени (Giec) од 2013 година, најлошите сценарија вклучуваа подигнување на морското ниво за 52 до 98 сантиметри до 2100 година, но новата студија упатува на тоа дека вистинското зголемување би можело да изнесува 150 сантиметри, што би претставувало голема закана за градовите од Њујорк па до Шангај. Но истовремено потсетуваат дека добрата вест е што во последните две години последователно евидентирана е намалена емисија на ткн стакленички гасови што би требало да го забави топењето на мразот на Антарктик.

Според новата студија, која делумно се темели на евиденциите на нивоата на морињата и океаните во интерглацијалниот период пред 125.000 години, само мразот од Антарктик би можел да влијае врз зголемувањето на нивоата на морињата за 64 до 114 сантиметри до 2100 година, што е најлошото сценарио на ОН кога станува збор за последиците од емисиите на стакленичките гасови.

Еден од факторите на кој не му било придавано поголемо значење во претходните извештаи на ОН, бидејќи се претпоставувало дека поголемиот дел од мразот на Антарктик останал замрзнат, е процесот на хидраулично фрактурирање, при кој на замрзнатите плочи се создаваат базени со вода кој потоа капе длабоко во внатрешниот дел на сантата, повторно се смрзнува и поради високиот притисок влијае врз нејзиното дробење. Поради тоа мразот на Антарктик веројатно побрзо лизга во морето, сметаат научнциите.

Андерс Лeверман, стручњак од Институтот за истражување на климатските влијанија од германски Потсдам, кој не учествувал во истражувањето, во разговорот за Reuters ги поздравува резултатите од истражувањето како поттик за натамошните истражувања на влијанието на хидрауличното фрактурирањето на Антарктик.

„Во периодот кога средните температури иле одвај малку поголемо отколку денес, новото на морињата било многу поголемо, а тоа е меѓу шест и девет метри за времетраењето на последниот интерглацијален периодот, Доколку емисијата на стакленичките гасови продолжи со сегашното темпо, нивото на морињата до 2100 година ќе се зголеми за околу метар, а само еден век подоцна за 13 метри“, предвидуваат научниците.

Но доколку емисијата на таквите гласови би се намалила за загревањето на планетата да се ограничи на 2 Целзиусови степени во однос на прединдустрискиот период, не би смеело да има натамошни промени, а нивото на светското море до 2500 година би се подигнало за само 20 сантиметри.

На самитот за климатските промени одржан ланскиот ноември во Париз, меѓународната заедница си постави задача глобалното загревање да се ограничи на 2 Целзиусови степени во однос на прединдустриското време, што е праг над кој стручњаците предвидуваат неповратни и драматични последици за многу региони на планетата.