Највисокото српско државно раководство беше „поздравено“ со бучни свирежи од навивачите во Белградската арена за време на церемонијата на отворање на европското првенство во ватерполо.
Како што пренесоа српските медиуми, навивачите започнале да свират кога претставникот на организаторите се заблагодарил на премиерот Александар Вучиќ и белградскиот градоначалник Синиша Мали.
Публиката продолжила со свирежи и кога претседателот на Србија Томислав Николиќ го прогласи турнирот за отворен.
На отворањето на првенството, пред преполната Арена, Србија ја декласираше Хрватска со 13:6