Ниту по 51 дојава не е познат идентитетот на „мажот со шапката“ ВИДЕО

Белгиската полиција добила 51 дојава по апелот до граѓаните да помогнат при идентификацијата на третиот напаѓач, од медиумите наречен „мажот со шапката“ осомничен за бомбашкиот напад од 22-ри март на терминалот за полетување на меѓународниот бриселски аеродром Завентем.

Image

Во вторникот белгиската сојузна полиција издаде соопштение во кое се зборува дека примиле 51 дојава од граѓани, но истакнува дека „мажот во бела јакна, со очила и црна шапка“ сé уште не е пронајден.

Два дена по терористичките напади во Брисел, полицијата уапси три лица пред Палатата на правдата во центарот на белгиската престолнина. Две лица беа набрзо ослободени, додека Фејсал Шефу беше задржан. Таксистот кој ги довел тројцата бомбаши самоубијци до аеродромот верувал дека во него го припознал лицето по кое се трагаше, познато како „мажот со шапката“, но набрзо се покажа дека за тоа нема доволно докази.

Ниту откако мина три дена во притвор немаше официјална потврда дека Фејсал Шефу е лицето кое на аеродромот пред терминалот за чекирање на летовите ја оставил количката со торба со експлозив и побегнал пред другите две експлозии. Во понеделникот попладнето белгиската полиција објави видеоснимка од аеродромот повикувајќи ги сите кои би можеле да го препознаат тоа лица да се јават, од што веднаш се заклучи дека Шефу не бараниот попишманет бомбаш.

Неговиот адвокат Оливие Мартенс изјави во вторникот за белгиските медиуми дека Шефу имал уверливо алиби дека во времето на нападот не била на аеродромот, туку во својот дом. Тоа го докажал со помош на телефонските повици кои ги направил утрото на нападите. Покрај тоа, лицето во светлата јакна и темна шапка е приближно со иста височина како и Ибрахим Ел Бакрави, кои на снимката се еден покрај друг, а Ел Бакрави е доста висок, додека Шефу е висок „само“ 166 сантиметри.

На познатата снимка од надзорните камери тројцата мажи туркаат колички за багаж. Двајцата од нив веќе се идентификувани како бомбашите самоубијци Наџим Лахрави, кој е крајно лево на снимката, и Ибахим Ел Бакрави, во средината. Третиот човек, во светла јакна, со очила и со темна шапка, исчезнал пред нападот, оставајќи ја количката со торба во која била експлозивна направа, и тоа со поголема разорна моќ отколку оние кои ги имале другите двајца бомбаши. Таа бомба експлодирала дури подоцна со контролирана детонација од страна на полицијата, откако терминалот и аеродромот биле евакуирани. Доколку експлодирала истовремено со претходните две, бројот на жртвите би бил значително поголем.

Според белгиските медиуми, истрагата најмногу се интересира за лицето кое на иследниците им е познато само под лажното име Наим Али Хамед. Наводно неговите отпечатоци од прсти се пронајдени во стан во бриселскиот кварт Шарбек од кој тројцата терористи со такси дошле до аеродромот. Во тој стан се пронајдени 15 килограми експлозив и хемикалии потребни да се изработат бомби, како и завртки и клинци. Отпечатоците на прстите одговараат на отпечатоците на маж кои со бегалците на 20-ти септември минатата година дошол на грчкиот остров Лерос и имал лажен сириски пасош на име Наим Али Хамед, Од тоа може да се заклучи дека по ткн балканска рута, вклучително најверојатно и преку Македонија, го продолжил патот кон Белгија.

Иследниците се уште не знаат што станува со лицето кое е снимено на станицата Малбек на бриселската подземна железница. На снимката може да се види тоа лица, кое носи голема торба, разговара со бомбашот самоубиец Калид Ел Бакрави, братот на самоубиецот од аеродромот Завентем, непосредно пред нападот. Се разгледува можноста дека можеби станува збор едноставно за некој кој поставил едноставно прашања за тоа колку е часот или за некој правец во метрото или некоја слична информација, како и дека можеби станува збор за терорист. Не е познато дали тоа лице излегло од подземната станица пред експлозијата или и тоа е меѓу загинатите.