Ни Јанкулоска, ни Божиновски не добија притвор

Распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во судот, траеше речиси осум часа во понеделникот, за случајот „Титаник“ во кој Специјалното јавно обинителство ја сомничи за злосторничко здружување кое извршило изборна измама, но таа не доби притвор, како што се бараше, а судот го напушти без коментар.

Image

Судот не одредеи мерка притвор ниту за неа, ниту за секретарот на Владата Кирил Божиновски. Ниту за другите тројца осомничени кои се појавиле на распит во понеделникот, како што специјалната обвинителка Катица Јанева бараше.

„Пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска (понеделник) на сослушување се јавија лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. за кои Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации поднесе предлог за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка.

По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството.

Образложението на судијата на претходна постапка е опфатено во одлуката која е доставена до странките кои имаат право на жалба до овој суд во рок од 24 часа“ се вели во судското соопштение.

Судот денеска го отфрли и барањето за притвор на поранешниот член на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури одредувајќи му алтернативна мерка за претплазливост, односно забрана за контакт со одредени лица.

Ова е продолжение на распитите на осомничените од предметот „Титаник“, кој го покрена Специјалното јавно обвинителство, а во кој осомничени се осум лица.

За првите четворица, меѓу кои поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, судија на претходна постапка во петокот го отрфли барањето на Јанева за мерка притвор, а само Темелко доби судска одлука еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен.

За првиот дел од осомничените, Специјалното обвинителство најави дека ќе ја обжали одлуката на судот да не се изрече мерка – притвор.