Ново злато за ката тимот на Македонија

Македонскиот ката тим, неполн месец по освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во карате, го освои златниот медал на Балканското првенство кое викендов се одржа во Дубровник, Хрватска.

Image

Ката тимот (Маријана и Мишела Димоски и Кирјана Камческа) со максимални победи супериорно го освоија најсјаното одличје. Во исто време близначките Маријана и Мишела Димоски се сретнаа во финалето во поединечна конкуренција, каде победи Маријана. Ова беше нивно трето финале (на Балканско 2010 во Атина победи Мишела, на Светски Куп 2013 Крф победи Маријана).

Покрај златните медали на Тимот (Мишела, Маријана, Киријана, златото на Маријана, среброто на Мишела Димоски освоено е и едно трето место Фери Исик). Злато во борби освои и Азис Исмаил во Јуниори Крњево.

Со ова заврши успешно годината на македонскиот ката тим кој покрај наведените резултати беше и Прв на Карате Оне Премиер.