Скопје, 4 октомври, 2016 – 13:04 (META)
Земјотрес со интензитет од 2,7 степени според Рихтеровата скала денеска се почувствува во Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил на четири километри североисточно од скопската населба Усје, на длабочина од пет километри, соопшти Европската макросеизмичка лабораторија.
Ова е нов земјотрес по серијата земјотреси што го зафатија Скопскиот Регион на почетокот од септември.