Нов скок на Лина Ѓорческа на ВТА-ранг листата

Со своите настапи на тениските турнири во Сент Мело, извонредната Лина Ѓорческа продолжува да пишува нова историја во македонскиот тенис. Најдобрата македонска тенисерка напредна за уште едно место на светската ранг листа во поединечна конкуренција и сега се наоѓа на 209. место со 249 – идентичен број на поени како и минатата недела кога беше рангирана како 210. тенисерка во светот.

Lina-Gjorceska-615x400

Магдалена Стоилковска исто како и Ѓорческа напредна само една позиција на светската ранг листа и сега се наоѓа на 1154 место.

Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа остана на истото место како и минатата недела (146) додека Стоилковска падна за три места (1063).

На врвот на ВТА ранг листата, Анжелик Кербер го одржува водството пред Серена Вилијамс и Радванска.

ekipa.mk