Обрван го објави конечниот список за ЕП

 

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, во понеделникот одржа средба со сите играчи, по што ги објави имињата на 17-те ракометари кои ќе настапат на ЕП во Полска.

Image (3)

Од поширокиот список отпаднаа голманот Никола Митревски, потоа Филип Талески, Милорад Куковски и Никола Костески.

„Ова ми е еден од најтешките, ако не и најтежок професионален момент откако сум селектор на оваа репрезентација. Момците повеќе од кога и да е заслужуваат можност секој поединечно да остави придонес во бранењето на боите на националниот дрес. Но, желбите се едно, а правилата налагаат друго. Финалната селекција беше направена врз база на многу квалитативни, но и квантитативни параметри. Сакам да потенцирам пред македонската јавност дека ниту еден од оние ракометари кои нема да тргнат за Краков на 13-ти, не е елиминиран. Момците знаат дека треба да бидат подготвени да одговорат на повикот за Краков доколку се укаже потреба за нивно присуство таму во текот на првенството“, изјави Обрван.

Ракометарите натпреварите за Полска ќе заминат в среда, со чартер лет. Во првата фаза тие ќе играат во Краков против Полска, Франција и Србија. На отворањето Македонија ќе игра против Франција.

Список на ракометари за ЕП:

Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Гоце Георгиевски, Влатко Митков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Ацо Јоновски.

макфакс