Обрнете внимание на овие работи ако сакате да го заведете

Постои многу повеќе во привлечноста од изгледот и карактерот, тврдат научниците. Некои од овие работи можат да бидат пресудни да го заведете.

v92692

 

1. Држењето на телото

Потпетиците не даваат убав изглед само на вашите нозе. Тие помагаат и вашето тело да се држи така што грбот ви е природно заоблен, а задникот се подигнува нагоре. Таквото држење ги привлекува мажите на поинтимно ниво.

2. Мирисот

Недамнешна германска студија откри дека нашите тела произведуваат природен мирис за да ни помогне да пронајдеме партнер со посилен имунолошки систем. Меѓутоа, нашите вагини о одреден период од месецот исто така испуштаат мирис кој го стимулира тестастеронот кај мажите.

3. Насмевката

Ве интересира некој маж? Насмевнете му се – веднаш ќе го привлечете. Размислете за тоа, кога некој ви се насмевнува, автоматски ја имитирата насмевката, дури и кога не сте свесни за тоа. Насмевката ги стимулира мускулите на лицето, кои пак ги стимулираат нервите кои го произведуваат хормонот за среќа.

4. Погледот

Вашите очи можат да влијаат на тоа да ги привлекувате мажите преку феноменот познат како „копулативен поглед“. Во основа, со гледањето на мажите во очи две до три секунди ќе уклучувате примитивниот прекинувачот во неговиот мозок кој ќе го поттикне да реагира на вашата привлечност или да се повлече.

5. Косата

Вашата коса многу говори за вашето здравје. Сјајната, здрава коса е знак на младост и плодност, што потсвесно му испраќа порака дека сте во состојба да ги продолжите неговите гени.