Објавени снимки од најбараниот екстремист Абделслам

Првите снимки на најбараниот човек во Европа, Салах Абделслам, осомничен за учество во терористичките напади во Париз во ноември 2015 година, во кои загинаа 130 луѓе, а кого го снимиле надзорните камери, ги објави француската BFMTV.

Image (8)

Салах Абделслам е снимен на 14 ноември во утринските часови на бензинска пумпа во северна Франција, неколку часа откако го изведе нападот, пренесе The Local.
Тој е во друштво со Хамза Ату, кој подоцна е осомничен за помагање на терористите.

Истражителите тврдат дека токму тој подоцна го одвезол Абделслам назад во Белгија.
Салах Абделслам до сега три пати избегнува апсење, затоа што во моментот кога го
запрела полицијата се уште не бил на списокот на барани луѓе.

Неговиот брат Брахим се уби за време на париските напади откако активира самоубиствен појас со експлозив пред едно кафуле.

Француските власти распишаа потерница по Салах Абделслам и тој е еден од најбараните луѓе на светот, затоа што се сомничи дека е „мозокот“ на серијата терористички напади во Париз.

Се верува дека тој ги оставил бомбите пред стадионот, пред да го остави автомобилот во 18 арондисмен во париз.

Податоците од мобилниот телефон укажуваат на тоа дека потоа заминал во јужниот дел од Париз, каде е најден онеспособен самоубиствен појас.

Една теорија на истражителите вели дека тој најверојатно требало да изведе напад во 18 арондисмен, но дека можеби се исплашил од нешто или можеби бил во опасност да биде разоткриен и дека се откажал од намерата.

Минатата недела, белгиската полиција објави дека негов отпечаток од прст е најден во апартман во Брисел, каде се најдени три експлозивни елеци.

Неколку луѓе се обвинети за помагање на Абделслам по неговото враќање во Белгија каде живеел во населбата Моленбек.

макфакс