ОИ: Ѓоковиќ поразен од Дел Потро уште во првото коло

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Хуан Мартин дел Потро во првото коло на олимпискиот турнир во Рио.

Image (1)
Дел Потро двата сета ги доби во тај брејк 7:6 (7:4) и 7:6 (7:2) за 147 минути игра.

Ѓоковиќ останува без шанса за освојување на олимписки медал во Рио и во својата кариера (во сингл конкуренција), а токму Дел Потро го победи и во мечот за бронзениот медал на ОИ во Лондон.