Фудбалерите на Лестер направија уште три чекори кон освојување на шампионската титуламво Премиерлигата, откако во 30.коло, славеа над Њукасл со 1:0.
Дуелот на „Кинг Пауер“, на кој на менаџерската позиција кај Њукасл дебитираше Рафа Бентиз, донесе подпросечен фудбал за премиерлигашките стандарди, а на победникот го реши Јапонецот Оказаки.
Напаѓачот на Лестер, во 25.минута, со ножички постигна прекрасен гол.
Лестер по 30 натпревари води на табелата со 63 бодови, пет повеќе од Тотенхем и 11 повече од Арсенал кој има и натпревар помалку. Њукасл е претпоследен на табелата со 24 бодови, еден помалку од Сандерленд кој се наоѓа во безбедната зона.