Околу 8.000 лица побарале помош по земјотресот во Италија

Рим, 31 октомври, 2016 – 10:34 (META) 
italija-zemjotres

Околу 8.000 лица побарале помош од италијанската служба за цивилна заштита и се сместени во хотели и во засолништа по најновиот земјотрес, кој ги погоди централните делови на Италија.
Службата објави дека се очекува помош да им биде потребна на уште 3.000 граѓани.

Странските агенции наведуваат дека во пресметките на италијанските служби не се вклучени лицата кои спијат во сопствени шатори, возила и камп-куќички.

Службата за цивилна заштита наведе дека сè уште згрижува околу 1.100 лица кои останале без дом по силниот земјотрес од 24 август, кога загинаа околу 300 лица.

Централниот дел на Италија вчера беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се почувствувал и на северот и на југот за Италија, како и во соседните држави Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Нешто поблаг земјотрес, од 6,4 степени според Рихтеровара сакала, во средата го погоди истото подрачје кај Перуџа, а се почувствува и во Рим.

Деновиве се регистрирани десетина послаби земјотреси.