Оланд ѝ порача на Меј што побргу да ги почнат преговорите за Брексит

Париз, 22 јули, 2016 – 12:23 (META) 
oland-i-mej

Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа изјави дека разбира оти на Велика Британија ѝе потребно време за да се подготви за преговорите за излез од ЕУ, но тоа би требало тоа да го направи што поскоро.

Оланд ова го изјави на заедничката прес-конференција со новата британска премиерка Тереза Меј во Париз.

Тој ја повтори позицијата на Франција дека Британија може да има пристап до единствениот пазар сако ако ги прифати „четирите принципи на слобода“ на Европската Унија, вклучувајќи ја и слободата на движење.

Меј рече дека сака да здржи блиски односи со Франција без разлика на одлуката за излез на Британија од ЕУ.

– Бидејќи Обединетото Кралство ја напушта ЕУ, мораме да утврдиме како да одржиме што е можно поблиски економски односи меѓу нашите земји – рече Меј.