Откриено ново мозочно нарушување поврзано со зика вирусот

Бразилските научници откриле ново мозочно нарушување кај возрасни лица поврзано со зика вирусот, автоимун синдром наречен акутен дисеменирачки енцефаломијелитис (ADEM), кој ги напаѓа мозокот и ‘рбетниот мозок.

Image (1)

Зика вирусот веќе е поврзуван од научниците со автоимуното нарушување Џулијан-Бареовиот синдром кој го напаѓа периферниот нервен систем предизвикувајќи привремена одземеност во која во некои случаи пациентите мораат да бидат ставени на респиратор за да можат да дишат.

Новото откритие дека зика може да предизвика напад на имуниот систем и централниот нервен систем и со тоа откритие се зголемува постојано прошируваната листа на невролошки нарушувања кои се поврзани со зика вирусот.

Според Светската здравствена организација (СЗО – WHO), постои силен научен консензус дека сика вирусот, освен Џулијан-Бареовиот синдром може да предизвика и вродена микрокефалија, односно неразвиен мозок кај новороденчињата, иако до конечното потврдување на тоа ќе изминат месеци или години. Најмалку 13 земји известиле за случаи на Џулијан-Бареовиот синдром поврзани со вирусот зика, известија од СЗО.

Бразил објави дека досега потврдил повеќе од 940 случаи на микрокефалија поврзани со инфекција од вирусот зика кај мајките. Бразил истражува речиси 4.300 дополнителни сомнителни случаи на микрокефалија.

Освен автоимуните нарушувања, некои научници известија и за случаи кога кај пациенти заразени со зика вирусот се развиле енцефалитис или миелитис, невролошко нарушување предизвикано од директна инфекција на нервното ткиво.

„Иако нашата студија е мала, таа може да даде докази дека во овој случај вирусот има различни ефекти врз мозокот од оние прикажаните во другите проучувања“, вели Марија Лусија Брито, невролог од болницата во Ресифе.

Појавата на ADEM е вообичаена по инфекции предизвикувајќи силно отекување на мозокот и на ‘рбетниот мозок, што го оштетува миелинскиот покривач на нервите. Резултира со општа слабост, губење на осетот, рамнотежата и видот, симптоми слични кај мултиплекс склероза.

Со истражувањето биле опфатени 151 пациент кој минал низ болницата во Ресифе од декември 2014 до јуни 2015 година. Сите биел заразени со вирусите од групата арбовируси којашто го опфаќа и зика вирусот.

Кај шест пациенти се појавиле симптоми на автоимуно нарушување, од коишто четворица имале Џулијан-Бареов синдром а двајца ADEM. Во двата случаи на ADEM, снимките на мозокот покажале оштетување на белата материја. Симптомите на ADEM просечно траат по шест месеци.

макфакс