Папагалски „зборови“ доказ на судење за убиство

Како што пренесува Detroit Free Press, 48-годишната Глена Дарам е обвинета за убиството на сопругот Мартин минатата 2015 година, коешто се одиграло пред очите на домашниот миленик папагалот по име Бад.

Image

Семејството на убиениот верува дека папагалот слушнал како двојката се расправа непосредно пред убиството и дека ги повторува нивните последни зборови.

„Тоа е нешто за што допрва треба да се одлучиме, може ли да се смета за веродостоен доказ и информација којашто ни е потребна“, изјавил обвинителот Роберт Спрингстед.

Глена е обвинета дека го убила сопругот со пет истрели, по што се обидела и самата да си го одземе животот.

Сопственичка на птицата е сега поранешната сопруга на Мартин, Кристина Келер која верува дека Бад го повторува разговорот на Дарамови од ноќта кога се случило убиството кои завршуваат со „Не пукај!“.

Во тоа се уверени и родителите на жртвата. „Мислам дека бил таму, дека го запаметил разговорот и дека го повторува. Таа птица собира сé и повторува како навиена“, велат таткото и мајката на убиениот Мартин Дарам.

Обвинителот Спрингстед, сепак, смета дека малку е веројатно дека Бад ќе биде повикан во својство на сведок на судењето.