Песна на Маџиров во последниот број на Modern Poetry in Translation посветена на преведувачите Греам и Пеги Рид

Последниот број на најстарото британско списание за преводна литература, „Модерн поетри ин транслејшн” (Modern Poetry in Translation) се затвора со песната „Тишината од други места доаѓа” од Никола Маџиров, посветена на истакнатите преведувачи од македонски на англиски јазик, Греам и Пеги Рид, кои починаа минатата година во Единбург.

Image
Списанието е основано во 1965 година од венцeносецот на Струшките вечери на поезијатa, Тед Хјуз, и е специјализирано за превод на современа светска поезија.

Греам и Пеги Рид, професори по англиски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, преведувачи и лектори, долги години ја промовираа македонската литература преку нивните преводи на англиски јазик, а за својата преведувачка дејност имаат добиено повеќе признанија и почести.