Песот на израелскиот премиер каснал двајца политичари на свеченоста во чест на Ханука

Кучката Каја, неодамна вдомена во семејството на израелскиот премиер Венјамин Нетанјаху, веќе запозна неколкумина високопозиционирани политичари, меѓу нив и американскиот државен секретар, а во среда запознавањето го проследила со каснување.

Image

На свеченоста на палење свеќи при одбележувањето на Ханука, десетгодишната кучка го каснала сопругот на заменичката министерка за надворешни работи, како и пратеничката во Кнесетот Шарен Хаскел, по струка ветеринарен техничар.

„Тоа е ситница“, рекла Хаскел за израелското воено радио за блиската средба со Каја.

Синот на Нетанјаху вдомил пес од стационар за напуштени животни, по што премиерот фотографијата на Каја ја објави на Твитер и ги повика сите љубители на кучиња да вдомат возрасни кучиња.