Плавшиќ: Клинтон ги нареди злосторствата во Сребреница

Поранешната претседателка на Република Српска, Биљана Плавшиќ изјавила за Спутник дека некогашниот американски претседател Бил Клинтон е виновен за злосторствата во Сребреница.

Image

Плавшиќ, која по признавањето на вината, од страна на Хашкиот трибунал беше осудена на 11 години затвор поради воени злосторства, изјавила дека е неоспорно оти луѓето во Сребеница страдале, но како што навела, тоа било по нечиј друг налог.

„Клинтон нареди. Тој рече `Америка ќе дојде на ваша страна, на муслимаската страна во војната, ќе ги бомбардира Србите доколку дозволите четниците да влезат во Сребреница. И не смее да има помалку од пет илјади масакрирани“, навела Плавшиќ.

Таа тврди дека Клинтон ова му го рекол на Алија Изетбеговиќ, тогашниот воен лидер на босанските муслимани и член на претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ).

„Тој ова му го кажа на Алија Изетбеговиќ, а потоа Изетбеговиќ ова го пренесе до военото претседателство, јас го читав записникот. Тој Хрват во Хаг ми го даде записникот, а мојот адвокат не можеше да стигне до него. Ми рекоа дека записникот вреди 20 илјади марки и јас само го разгледав стенограмот каде што пишуваше кој што кажал. Изетбеговиќ рекол дека `Клинтон го тера`. Сега, после неколку години, во една книга на Американец кој работел во Сараево стои истото“, навела поранешната претседателка на Република Српска.

Според нејзе, Изетбеговиќ ова му го соопштил на Претседателството, а член на военото претседателство тогаш бил Сефер Халиловиќ, кој на ова одговорил со „Алија, па ти си полудел“.

„Но тоа сепак се случи, а во составот на групата која го изврши тоа, не беа само Срби. Ердемовиќ – Хрват, а имаше и еден Словенец, но не се занимавав со тоа, а доколку се анализира, ќе се види дека е местенка“, објаснила Плавшиќ.