„Повратник“ триумфираше на BAFTA

Дрмата за преживувањето и одмаздата ги освои главните британски филмски награди во неделата, добивајќи пет признанија, вклучително и за најдобар филм, најдобар главен актер за Леонардо ДиКаприо и наградата за најдобар режисер за Алехандро Гонзалес Инариту.

Image
Филмот, исто така, ги доби наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (BAFTA) за фотографија и за звук , на свеченоста кој се одржа во Лондон.

Ова гледање на дивата Америка преку чекорите на легендарниот трапер Хју Глас, кој го толкува Леонардо ДиКаприо, филм кој е номиниран за 12 Оскари на доделувањето на 28-ми февруари, ги доби почестите пред „Керол“ на Том Хејнес, „Мостот на шпионите“ на Стивен Спилберг, „Спотлајт“ на Том МекКарти и „Облог на векот“ на Адам МекКеј.

Во филмот кој веќе доби неколку награди, сниман на канадскиот далечен север и на крајниот југ од аргентинска Патагонија со природна светлина и во тешки услови на теренот, раскажува за преживувањето и одмаздата на легендарниот трапер Глас од XIX век кого го толкува ДиКаприо, човекот кого неговата дружина во експедицијата од 1820-те го остава по напад на мечка и жив го закопала откако му го убила синот.

„Ова е неверојатно“, изјави мексиканскиот режисер Инариту, по добивањето на наградата во Лондон.

Американската ѕвезда Леонардо ДиКаприо, кој важи за голем фаворит за наградата Оскар за најдобар актер, ја доби британската награда BAFTА во конкуренција на Еди Редмејн, Мeт Дeјмoн, Мајкл Фасбендер и Брајан Кранстон.

Наградата за најдобра актерка ја доби Бри Ларсон за улогата на млада мајка која ја држат заточена заедно со нејзиниот петгодишен син во филмот „Соба“.