Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта се земјите чии евровизиски претставници влегоа во финалето на Евросонг, од првата полуфинална вечер, која во вторник вечер, се одржа во „Глобен“ арената во Стокхолм, Шведска.
xБосна и Хереговина, Црна Гора, Грција, Сан Марино, Естонија, и Исланд не успеаја да влезат во финалето.
Во ноќта изполнета со гламур, 18 земји зедоа учество во првото полуфинале, во вторник вечер,а а со комбинирано гласање од национално жири од земјите учеснички и телевоутинг, се добија првите учесници во финалето.
Шведска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија се постојани учеснички во финалето и не учествуваат во полуфиналните вечери.
Македонската претставничка Калиопи ќе настапи на второто полуфинале во четврток со песната „Дона“ и ќе пее на македонски јазик. Од соседните земји, со Калиопи истата вечер се натпреваруваат Србија, Албанија и Бугарија. Финалната вечер е во сабота.
Домаќини на финалето се ланскиот победник на Евровизија, Манс Земерлов и неговата колешка Петра Меде, кое ќе се пренесува во живо од арената „Глобен“ во Стокхолм, каде ќе настапат 26 претсатвници.
Според обложувалниците, шансите за победа се најголеми за Русија и Украина, чиј дуел има и реална политичка позадина, по конфликтот настанат по анексијата на Крим во 2014 година.
Огнот меѓу нив може да се засили и ако се знае дека украинската претставничка Сусана Јамаладинова ќе ја отпее песната „10944“, која се однесува на протерувањето на Татарите од Крим од страна на Сталин.
Друг фаворит е и францускиот израелец, Амир Хадад, кој ја претставува Франција со ‘J’ai cherché’.
Шармантниот 31-годишен забар, поточно стоматолошки хирург, се обидува да ги шармира другите нации да гласаат за него, а во дел од песната тој пее и на англиски.
Ако победи, ќе биде првиот француски претставник кој победил во речиси 40 години.
Високо котира и холанѓанецот Доув Боб, кој настапи на првото полуфинале.
И шведскиот претставник Франс Јепсон Вал, може да изненади, со неговата песна ‘If I were Sorry’, ако се знае дека на неговата турнеа низ Европа претходно имаше голема поддршка, особено има многу фанови во Велика Британија, од каде потекнува неговиот татко.
макфакс