Полицијата го идентификуваше напаѓачот во супермаркетот во САД

Image (18)

Полицијата на американската сојузна држава Тексас го идентификуваше мажот кој во вторникот зема заложници во супермаркет на синџирот „Wal-Mart““ во градот Амариљо како 54-годишниот Мохамад Могхаддам.

 

„Вооружениот осомничен, кој беше убиен од офицерите во супермаркетот на Walmart, се вика Мохамд Могхаддам. Бил на 54-годишна возраст“, соопштиле од градската управа на полицијата во Амариљо.

Полицијата додава дека напаѓачот работел во истиот супермаркет и имал работен спор со менаџерот.

„Двајцата заложници беа ослободени и не се повредени. Едниот од нив е менаџерот со кој осомничениот имал конфликт на работното место“, додава полицијата.

„Сите клиенти и нашите двајца вработени кои беа држени како заложници се безбедни. Ова беше многу тешка ситуација и благодарни сме за брзиот одговор на силите за спроведување на законот“, изјави Дејша Барнет, портпаролка на „ „Wal-Mart Stores Inc.“

Претходно беше објавено дека припадниците на специјалните полициски сили (SWAT) го застрелале Могхаддам кога влегле во супермаркетот со цел да ги ослободат заложниците кои се наоѓале во објектот. Првично не беше јасно колку посетител и вработени се наоѓале во објектот во времето на инцидентот. Подоцна се дозна дека биле само двајца, несметајќи го напаѓачот.

Локалните власти ширум САД деновиве се во висока приправност, трудејќи се што е можно побрзо да одговорат на слични инциденти, по вооружениот напад од неделата во ноќниот геј клуб во центарот на Орландо во државата Флорида.

Во Орландо 29-годишниот американски државјанин од авганистанско потекло Омар Матин вооружен со автоматска пушка и пиштол уби 49 и рани уште 53 луѓе. Тој беше смртно застрелан од полициските специјалци во нивната операција за ослободување на околу 350 луѓе кои беа во локалот во текот на тричасовната заложничка драма.

Нападот на Матин е класифициран како терористички чин, но иако тој пред нападот со јавување во службата за итна помош се идентификувал како следбеник на џихадистичката Исламска држава, не е потврдено дека бил директно поврзан со оваа терористичка организација.

макфакс