Полицијата со солзавец ги смири мигрантите во кампот во Кале

Полицијата и работниците се оставени да урнат дел од кампот во францускиот град Кале, од каде мигрантите преку Евротунелот се обидуваат да стигнат до Велика Британија, во вторник наутро, по ноќ исполнета со насилство во овој град.

Image (3)

Проблемите настанаа во кампот популарно наречен „Џунгла“, во понеделник доцна попладне, кога работниците се обиделе да го разурнат јуѓниот дел од кампот.

Мала група бегалци и мигранти почнале да фрлаат камења на работниците и на полицијата која одговорила со солзавец. Неколку шатори биле запалени како дел од протестот.

Полицијата ја смирила ситуацијата, но таа повторно ексалирала кога стотина мигранти се упатиле кон капијата и се обиделе да влезат во камионите.
Фотографиите објавени од кампот покажуваат мигранти кои носат стапови, и поставуваат пречки за да не можат камионите да стигнат до капијата.
Според сведоци, мигрантите фрлаат камења и други отпадоци со цел да се прикрадат до камионите, да се скријат во нив со цел да стигнат до Велика Британија. Според еден сведок, некои од нив носат и ножеви.

Автомобилите се постојано сопирани крај патот, заради нивна безбедност, а некои од нив завршиле и со скршени прозорци.

„Ова беше како сцена од герила војна, фрлаа камења кон автомобилите. Дојдоа накај нас со ножови  вперени во нас“, вели една жена за радиото Europe1.

Полицијата воспоставила ред на патот, употребувајќи солзавец за да ги растера мигрантите. Но, сепак, автопатот кој поминува крај кампот бил редуциран на само една лента во текот на ноќта, со цел да се превенира мигрантите да не се обидат повторно да стигант до камионите.

Мигрантите кои живееја во јужниот дел од кампот, а кој беше растурен се преместени во контејнери во други делови од кампот, а некои се преместени во други кампови низ Франција.

Некои доброволно заминуваат во други кампови сметајќи дека на тој начин им се зголемуваат шансите да побараат азил во Велика Британија.

„Ние спроведуваме наредби и мигрантите мора да го напуштат кампот, а ова утро продолжуваме со работа. Така ќе обезбедиме работниците да продолжат со растурање на кампот, а мигрантите да не бидат под влијание на активистите на No Borders“, вели вработен во локалната самоуправа Фабијана Бушо.

Таа ги обвини активистите на No Borders дека им се закануваат на надлежните кои дошле да ги прераспределат мигрантите во други кампови.
Според Бучо, три четвртини од јужниот дел на кампот се испразнети, откако францускиот суд во четвртокот одобри размонтирање на кампот.

макфакс