Полска 2016: Блескави изданија на Штербик, Ландин и Андерсон

На Европското првенство во ракомет, во саботата, се одиграа натпреварите од првото коло во групите Ц и Д. Фаворитите Унгарија, Шпанија и Данска забележаа сигурни победи, додека Шведска во драматичен меч славеше над Словенија.

Image

Шпанија, во Ц групата, славеше над Германија со 32:29 (18:15), најмногу балгодарение на Арпад Штербик кој мечот го заврши со 13 интервенции. Голамнот на Вардар особено блескаше во втората половина од првото полувреме кога Шпанците стигнаа до најголемата предност од седум голови (18:11).

Покрај Штербик забележителен настап имаа крилата на ‘црвената фурија’ Ривера кој постигна седум и Виктор Томас кој постигна шест гола. Десниот бек на Вардар Хорхе Македа постигна три гола, додека Алекс Душебаев не успеа да постигне гол.

Шведска, во вториот меч во оваа група ја совлада Словенија со 23:21 (16:9). Шведската репрезентација доминираше 35 минути кога стигна до водство од 18:10, потоа Словенците заиграа многу поагресивно во одбраната стигнаа до израмнување (20:20) имаа и седмерец за водство, кој не го реализира Бобмач, па Шведска во последните седум минути успеа да стигне до победата.

Голманот Андерсон со 14 одбрани ја предводеше Шведска до првата победа на ЕП, додека Екберг со пет голови беше најефикасен на мечот.

Во второто коло на 18.јануари Словенија ќе игра против Шведска, а Шведска за противник ќе ја има Германија.

Унгарија против Црна Гора во целост ја оправда фаворитската улога, откако на стартот поведе со 5:1 и 8:2. До победата од 32:27 (16:12), Унгарците ги предводеше Банхиди кој постигна седум голови, истот толку пати беше прецизен и Црногорецот Борозан.

Данска во вториот меч ја победи Русија со 31:25 (13:13). Русите во 53 минута имаа гол негатива (23:24), но во финишот проработе искуството на Данците кои на крајот запишаа убедлива победа.

Блескаше на данскиот гол Ландин со 17 интервенции, додека стрелците ги предводеа Ларсен и Нилсен со по четири гола. Шелменко со пет гола беше најефикасен кај Русите, додека вардаровите играчи Дибиров и Горбок постигнаа по три гола.

Во наредното коло, во понеделник, Русија ќе игра против Унгарија, а Данска против Црна Гора.