Поранешните членови на АББА заедно на отворање ресторан

Членовите на култната шведска поп четворка АББА се собраа во среда вечер за да присуствуваат на отворање на еден ресторан инспириран од мјузиклот „Мама миа“, а медиумите оценуваат дека станува збор за ретко заедничко појавување на музичарите по распадот на групата.

Image
Бени Андерсон, Агнета Фалтског и Ани-Фрид Лингстад се појавија на отворањето на грчката таверна на својот поранешен колега Бјорн Улвеус, во која гостите биле повикувани да ги пеат хитовите на групата.

Но, поранешните членови синоќа не пееја и не се фотографираа заедно, а исто така ја отфрлија можноста повторно да настапуваат.

Запрашан за можноста АББА повторно да се собере, Андерсон само кратко рече: „Не верувам дека тоа ќе се случи“.