Почина актерот Алан Рикман

Ѕвездата на филмовите „Хари Потер“ и „Умри машки“, еден од најсаканите британски актери, Алан Рикман почина на возраст од 69 години во Лондон.

Image

Повеќе од триесет години Алан Рикман беше меѓу омилените британски актери на театарската цсена, но и во бројни филмови. Неговата смрт ја потврдија членови од семејството во четвртокот. Рикман боледуваше од рак, објави IMDB.

Оствари значајна улога во филмот „Распучин“ за кој доби награда Еми, а се прослави со филмовите за Хари Потер, каде го глумеше професорот Сириус Снејп, како и со улогата на шерифот Нотингем во „Робих Худ“ од 191 година.

Тој беше поранешен член на кралскиот шекспировски театар, и често одбиваше улоги во филмови поради улоги во театарот.

Прв филм, заслужен за неговата кариера надвор од Велика Британија е „Умри машки“, каде го играше германскиот терорист Ханс Грубер, а улогата му е понудена два дена откако пристигнал во Лос Анџелес, на возраст од 42 години.

Беше впечатлив и во драмата „Love Actually” во која играше со Хју Грант и со Ема Томпсон. Режираше и свој филм, „The Winter Guest”.

Во успешната кариера се закити со наградите Еми, БАФТА и Златен глобус.
Рикман се заминаваше и со хуманитарна работа, за борба против сиромаштијата, а беше член и на Лабуристичката партија. Се гордееше со своето работничко потекло и се залагаше за правата на работниците.

Неговата мајка Маргарет била домаќинка, а татко му работел во фабрика. Има двајца браќа и сестра и сите се занимаваат со уметност.