Почина актерот кој го играше Алф

Почина Мичу Мезарош (76), актерот кој сите го паметиме како симпатичниот Алф од истоимената серија.

Image (1)

Мезарош минатата недела без свест бил пронајден од неговиот менаџер во бања. Итно бил превезен во болница во Лос Анџелес каде набрзо паднал во кома.

Мичу пред 8 години претрпел мозочен удар и оттогаш имал проблеми со здравјето. Од лекарите барал да не му ги исклучуваат апаратите кои го оддржуваат во живот, дури и во случај здравствената состојба да не му се подобри, пренесува „Дејли мејл“.

Актерот со потекло од Унгарија, кариерата ја започнал во циркус каде го нарекле најмалиот човек на светот. Беше висок само 56 сантиметри.  Најпозната му е улогата на Алф кој го глумеше во костим. Последен пат на филм се појави во 1993 година.

макфакс