Почина легендарниот голман на Њукасл, Павел Срничек

Еден од најдобрите европски голмани во 90-тите години од минатиот век, Павел Срничек почина на 48-годишна возраст. Поранешниот голман на Њукасл и чешката репрезентација, пред девет дена бил хоспитализиран во критична состојба поради инфaркт. Неговиот менаџер објави дека тој доживеал инфаркт додека џогирал во Острава.

Image

Срничек го бранеше голот на Њукасл кога ‘страчките’ беа еден од најсилните клубови во Англија. Во клубот пристигна во 1991 година на препорака на Џим Смит, а во кариерата тренери му биле и Освалдо Ардиљес, Кевин Киген и Кени Далглиш.

Срничек, во сезоната 1995/1996 година беше еден од клучните играчи на Њукасал. Кој таа сезона до последното коло се бореше за титулата во Англија со Манчестер Јунајтед.

„Многу сум тажен бидејќи загубив пријател и поранешен соиграч. Моите мисли се со неговото семејство“, напишал на Twitter легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер.

Навивачите на Њукасл од клупската легенда ќе се простат на натпреварот против Манчестер Јунајтед на 12.јануари.

Срничек за Њукасл бранел на 152 натпревари, додека за Чешка настапил на 49 натпревари, а во 1996 година го освои сребрениот медал на ЕП.