Почина мотоциклистот од сообраќајката во Кисела Вода

По сообраќајната незгода која се случи во неделата во 5.05 часот во Скопје, меѓу мерцедес и мотор, почина мотоциклистот, соопшти МВР.
Image

Имено, во неделата на крстосницата на булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Христо Татарчев“, автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А. се удрил со мопед „јуајие“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.

Следниот ден по несреќата повредениот Д.Т. им подлегнал на повредите, во понеделникот во 22 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а смртта е констатирана од страна на доктор.