Почина Слободан Сантрач

Легендарниот југословенски фудбалер и тренер, Слободан Сантрач, почина од срцев удар, на 70-годишна возраст. Сантрач еден кус период во 2005 година беше селектор на Македонија.

Image

Слободан Сантрач, ќе остане запаметен како најдобар стрелец во југословенскиот шампионат со 218 постигнати голови, а исто така е и најдобар стрелец на ОФК Београд каде ја започнал својата кариера.

Како фудбалер ги бранел боите на Грасхоперс, Партизан и Галеника од Земун, а за репрезентацијата на СФРЈ одиграл осум натпревари.

Сантрач бил селектор на Југославија, Саудиска Арабија и Македонија, а работел и во Кина во Шандонг, Чангшу, Џингдао и Шанкси.