Почнува одбојкарското првенство: Шутова ја брани историската титула против Борец

Следниот викенд започнува 25. државно првенство во одбојка. Екипата на Шутова, која минатата година за првпат во историјата на своето 20-годишно постоење освои двојна круна, ќе започне да ја брани шампионската титула против тимот на Борец од Велес. Струмица, клубот кој претходно Шутова го симна од тронот ќе ја нагости Лирија, Лешок ќе разигрува со Пробиштип додека Студент ќе гостува кај Вардар.

titula-shutova-615x400

Во женската сениорска конкуренција Јанта Волеј ќе стартува против Бами Кор од Тетово, СВСК ќе ја нагости Македонија Макс, Пелистер гостува кај Универзитет Тетово и Наковски ќе го нагости Студент.

Првото коло од натпреварите и во машка и во женска конкуренција започнува на 5. ноември.

ekipa.mk