По терористичките напади во Франција поотворена нетрпеливоста кон муслиманите

Со паролата „Арапите надвор“, којашто ја извикуваа демонстрантите на Корзика, преминат на прагот на непријателството кое некои Французи го искажуваат против муслиманите, особено по терористичките напади од јануари и ноември во Париз, додека функционерите го осудуваат порастот на исламофобните испади.

Image

Покажувајќи агресија кон пожарникарите и полицајците, стотици демонстранти од петокот маршираа по главните улици на Ајачо. една од двете престолнини на југозападот од Корзика. Една сала користена од муслиманите за молитва е уништена и заплен примерок на муслиманската света книга Коранот, а една ќебапчилница е оштетена.

„Ваквото однесување мора да престане, изјави во неделата префектот на островот која забрани протести до 4-ти јануари во квартовите од Ајачо каде се случија инцидентите осудувајќи ги „шокантните и неприфатливи дофрлувања.

Бројот акти мотивирани од омразата кон муслиманите достигнал „кулминација во 2015 година, забележува Францускиот совет за муслиманска вероисповед (CFCM), тело коешто ги претставува пет до шест милиони муслимани во Франција.

Само во првите две седмици по нападите во јануари врз сатиричкиот неделник Charlie Hebdo и еврејска кошер продавница, кога беа убиени вкупно 17 луѓе, 128 антиисламски акти им се пријавени на властите, што е бројка речиси иста на вкупниот бројот такви чинови во целата претходна 2014 година, објави Опсерваторијата против исламофобијата на CFCM.

Од таму сметаат дека „трагичните настани како да го ослободиле притаеното непријателство коешто се шири преку социјалните мрежи. Од CFCM, исто така, „ги повикуваат граѓаните да не го поистоветуваат големото мнозинство француски муслимани, коишто живеат во мир, со минорното малцинство коешто се залага за насилство, па дури и смрт во името на нашата религија“.

За втор „симптом“ се смета гласањето за партијата од крајната десница Националниот фронт (FN), којашто ги критикува мигрантските политики на француските власти, притисокот на имигрантите врз државата или, според нив, премногу видливото присуство на муслиманите во Франција.

Соочен за ваквите тензии во француското општество, претседателот Франсоа Оланд претходно седмицава повика на „солидарност и братство, бидејќи оние коишто нé напаѓаат сакаат да нé поделат, раздвојат“.

Челниците на џамиите низ Франција се повикани да ги отворат своите врати за пошироката јавност на 9-ти и 10-ти јануари за ткн „чај на братството.