Пражани протестираа против примањето бегалци во Чешка

Повеќе илјади жители на чешката престолнина Прага протестираа во саботата на централниот плоштад против плановите за прифаќање на бегалците во земјата, според принципот на квоти на Европската унија.

Image

Демонстрантите во Прага му изразија поддршка на претседателот Милош Земан, кој ги отфрла миграциските политики на ЕУ и предупредувајќи од засилената закана од тероризмот во Европа, имајќи предвид дека во париските резултати од 13-ти ноември кога беа убиени 130 луѓе некои од напаѓачите пристигнале со бегалскиот бран од Сирија.

„Претседателот (Земан) дејствува во интерес на народот. Тоа го разликува од владата, којашто постојано гледа кон Брисел“, смета еден од организаторите на протестот, граѓанската активистка Луција Гашкова.

Во изјавата за чешките медиуми, Гашкова рече дека со миграцискиот бран во ЕУ навлегуваат терористите, што е потврдено во нападите во Париз. „На сцената е обидот да се распространи исламската идеологија, да се уништат традиционалните христијански вредности и култура“, рече.

Истовремено полицијата на една од главните улици во Прага имала проблеми со група од десетици активисти на левичарски движења кои ги поддржуваат бегалците, кои сакале да протестираат пред противниците на доселувањето. Други инциденти полицијата не регистрирала.