Предностите на раното будење

Будењето во раните утрински часови без потешкотии е поврзано со посилно чувство на среќа, тврдат стручњаците.

budenje1

Луѓето кои порано стануваат се посреќни и позадоволни од животот, покажала најновата студија. На „спанковците“ тоа може да им звучи сулудо бидејќи откога ќе станат им треба уште неколку часа за да дојдат на себе, најчесто со хектолитри кафе, меѓутоа ранобудниците кои се будат без проблеми поинтензивно ќе го проживеат животот и низ него ќе поминат со насмевка на лицето.

Утринските типови се чувствуваат поздраво во однос на оние кои повеќе ја сакаат ноќта, бидејќи тие најчесто преку ноќта се одмараат квалитетно, што им го стимулира имунитетот.

Ноќните птици, од друга страна, имаат проблем со прилагодување на внатрешниот часовник со забавните навики и поголем дел од денот поради тоа се чувствуваат несреќно. Тие не стануваат тогаш кога сакаат, туку кога ќе одредат другите, што предизвикува лутина поради прилагодувањето.

Научниците од Универзитетот во Торонто заклучиле дека возрасните луѓе се посреќни од младите иако помалку спијат. Во истражувањето учествувале две возрасни групи, млади од 17 до 38 години и оние од 59 до 79 години. Воочено е дека тинејџерите со времето ги менуваат навиките на спиење, спијат помалку.

Резултатите покажале дека само седум проценти од младите се утрински типови, додека со времето стануваат се побројни, а со 60 години раното станување веќе скоро и да не е никаков проблем.